Познати групите за Азиското првенство, еве кој против кого на патот до СП 2025

Во Бахреин во периодот од 11 до 25 јануари ќе се одржи 21-то издание на Азиското првенство во машка конкуренција.

Како што е познато, најдобрите четири репрезентации ќе обезбедат пласман на Светското првенство 2025.

Вкупно 16 репрезентации ќе се борат за едно од четирите места кои што водат на Мундијалот во три земји – Хрватска, Данска и Норвешка.

Актуелен бранител на титулата е репрезентацијата на Катар, која повторно ќе биде главен фаворит за првото место на Азиското првенство.

Група А: Катар, Кувајт, Оман, Кинески Тајпеј
Група Б: Иран, Јужна Кореја, Кина, Нов Зеланд
Група Ц: Саудиска Арабија, Ирак, Јапонија, Индија
Група Д: Бахреин, ОАЕ, Хонг Конг, Казахстан