Познати групите на Супер Глоуб – кој против кого на неофицијалното светско клупско првенство

Во Базел се одржа ждрепката за групите на неофицијалното светско клупско првенство, Супер Глоуб.

12 екипи меѓу кои и четири од Европа ќе бидат дел од турнирот што ќе се одржи во Саудиска Арабија од 7 до 12 ноември.

Домаќинот Ал Калеј, каде ќе игра Петар Ненадиќ, ја одбра групата со Магдебург и Универзитет Квинсленд од Австралија.

Четирите првопласирани екипи во групите ќе играат во полуфиналето на турнирот, вторпласираните ќе разигруваат од 5 до 8 место, додека третопласираните ќе играат за пласман од 9 до 12 место.

Група А: Ал Ахли (Египет), Ал Нур (Саудиска Арабија), Барселона (Шпанија)
Група Б: Кувајт Спорт Клуб (Кувајт), Сан Фернандо (Аргентина), Фуксе Берлин (Германија)
Група Ц: Магдебург (Германија), Ал Калеј (Саудиска Арабија), Универзитет Квинсленд (Австралија)
Група Д: Келце (Полска), Ал Наџма (Бахраин), Сан Франциско (САД)