Азиското првенство влегува во завршната фаза кога треба да се одиграат уште натпреварите од полуфиналето и финалето.
Од овој континент четири репрезентации обезбедија место на Светското првенство 2025 година што ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Станува збор за четирите полуфиналисти – Катар, Јапонија, Бахреин и Кувајт, кои им се придружуваат на трите селекции од Јужна и Средна Америка – Аргентина, Бразил и Чиле.
Покрај трите домаќини, досега на СП 2025 место имаат и светскиот вицепрвак Франција, како и полуфиналистот на ЕП 2024 – Шведска, а ќе им се придружи и последниот полуфиналист на истиот турнир (покрај Франција и Данска).
Од претходно САД имаа добиено вајлд-карта, а ИХФ има во раце уште една таква со оглед на слабиот пласман на Нов Зеланд на Азиското првенство.