Познат составот на светскиот првак – Норвешка со Мерк, Херем, Офтедал ќе го брани тронот

Селекторот на Норвешка, Торир Хергеирсон, го објави списокот на ракометарки што ќе бидат дел од националниот тим на претстојното Светско првенство.

Актуелниот светски шампион со силен тим ќе се обиде да го одбрани тронот, а на списокот на Хергеирсон, се најде и повредата голманка Катрине Лунде.

Сепак норвешкиот селектор мораше да повика уште три голманки во случај Лунде да не заздрави од повредата на мускулот навреме за СП.

Покрај Лунде, тука се искусните Нора Мерк, Камила Херем и Стине Офтедал, потоа Кари Братсет Дале, Хени Реистад…но ја нема Емили Арнцен од ЧСМ Букурешт.

Единствен дебитант на списокот е левиот бек на Ларвик, која има 20 години, но игра одлично во норвешката лига и постигнува 9,7 гола на натпревар.

Норвешка е во група со Гренланд, Австрија и Јужна Кореја.