Познат и „возниот ред“ на Македонија на ЕП – на стартот против Швајцарија!

Женската репрезентација на Македонија ги дозна ривалите во групите на ЕП 2026, а сега е познат и распоредот на натпревари

Натпреварите од групата Б, Македонија ќе игра во „БТ Арена“ во Клуж на 4, 6 и 8 декември годинава.

Првиот меч на ЕП, Македонија ќе го игра против селекцијата на Швајцарија, во второто коло наш ривал ќе биде домаќинот Романија, додека на 8 декември, нашите ракометарки ќе се соочат со европскиот првак Норвешка.

Ова е трето по ред учество на континенталниот шампионат за Македонија, а осмо по ред. Најголем успех досега е седмото место на ЕП 2008.

Европско првенство, група Б:

4 декември, 18:00, Швајцарија – Македонија
6 декември, 20:30, Македонија – Романија
8 декември, 20:30, Норвешка – Македонија

Македонија ги дозна ривалите на ЕП – еве против кого и каде ќе игра!