Тимот на Шампион се израдува на триумф по повеќе од 300 дена во прволигашката конкуренција, откако славеше над Сокол Саса со 38-30 во второто коло.
Минатата сезона Шампион имаше две победи на своето конто, но една од нив беше службена, а единствената на теренот беше на 16 ноември минатата година против Кичево.
Шампион ја имаше контролата на теренот во текот на целиот меч, иако Сокол Саса предводен од Мирче Георгиев со 11 гола не се предаваше, намали на минус два во второто полувреме, но немаше сили за нешто повеќе.
Домашните водеа со 20-17 на паузата, а нивната предност во второто полувреме стигна и до плус девет.
Предводници во победничкиот состав беа Давид Јовчевски и Павел Монев со по осум погодоци, а седум гола даде Андреј Лефтеров.























