Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски ја продолжува одличната форма во која брани од стартот на сезоната во Бундес лигата.
Неговиот тим Битигхајм загуби од фаворитот Хановер на домашен терен со 31-29, но и покрај тоа Томовски беше меѓу најдобрите поединци.
Македонскиот чувар на мрежата запиша 12 интервенци на овој натпревар со приближно 30% на успешност.
Томовски и натаму е во врвот на листата на голманите со 53 одбрани – што е доволно за второто место зад Давид Шпет од Рајн Некар Левен.
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон… ❗❗























