Голем предизвик за Габриела Величковска – ќе го предводи Астибо

Габриела Величковска, најдобриот среден бек во Ол Стар од Супер женската лига во изборот на 24Ракомет, има нов предизвик во кариерата.

Откако ја заврши играчката кариера во дресот на Чаир, Величковска ќе се посвети на тренерската кариера и во новата сезона ќе биде предводник на Астибо.

Таа работеше во младинските категории на Чаир минатата сезона, додека играше за првата екипа, но сега ќе работи само како тренер.

Величковска имаше богата играчка кариера која ја градеше во Кожувчанка, Металург, Пелистер, Куманово, во француските Ле Пузен и Кот Баске, а ја заврши во Чаир.

Астибо требаше да игра во Супер лигата, но поради финансиски проблеми реши да настапува во прволигашката конкуренција, а таму Величковска ќе има на располагање млади ракометарки. Прв предизвик за Астибо и новата предводничка ќе биде гостувањето кај Стружанка.