Во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде реванш средбата од првото коло на ЕХФ Европскиот Куп меѓу Тиквеш и Еш од Луксембург.
Кавадарчани загубија на првата средба со 30-27, а денеска од 18:00 часот во салата „Јасмин“ го играат и реванш мечот. Домашните ракометари со поддршка од своите „Лозари“ ќе се обидат да ја надминат негативата и да испишат историја со пласман во второто коло во ЕХФ Европскиот Куп, каде веќе се пласирани бранителот на трофејот – Охрид, Бутел Скопје и тимот од Автокоманда.
На домашна сцена денеска ќе бидат одиграни четири натпревари од прволигашките конкуренции кај дамите и мажите.
Во Првата машка лига, Македонија Ѓорче Петров на домашен терен ќе брка втор триумф во сезоната, а ист ќе биде случајот и со Партизан Гевгелија, кој ја чека Преспа.
Најинтересно треба да биде во Радовиш, каде гостува Драчево Јуниор, додека во Првата женска лига, довчерашниот суперлигаш Астибо ќе игра на гостински терен кај Стружанка.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:30 СТРУЖАНКА – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
16:00 МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА – ПРЕСПА (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЕШ – ТИКВЕШ (ЕХФ КУП)
18:30 РАДОВИШ – ДРАЧЕВО ЈУНИОР (МАКЕДОНИЈА)
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон… ❗❗

























