Илинден се израдува на прва, историска победа!

|
10:33
Share on Facebook

Ракометарите на Илинден ја запишаа првата историска победа за клубот во прволигашката конкуренција.

Избраниците на Дарко Јанев го совладаа тимот на Јехона со 37-28, откако на паузата имаа плус два, 13-11. Беше 11-11, но Цветковски и Зенговски се погрижија за предност на Илинден. Гостите во финишот на полувремето останаа без Мики Живкоски кој доби црвен картон по меѓусебното кошкање со еден од домашните ракометари.

Во вториот дел Јехона комплетно се врати во мечот, успеа и да поведе во повеќе наврати со по еден гол. Беше 23-22, но тука гостиварци застанаа, домашните се разиграа и ја направија клучната предност.

За осум нецели минути, Илинден даде осум гола, а Јехона само еден, па во последните десет минути домашните имаа 30-24 и беше јасно дека се на чекор до бодовите.

Лидер кај стрелците во победничката екипа беше Антонио Наковски со десет гола, додека Иван Најдовски стрелаше шест пат. Кај Јехона, искусниот Адис Салиу со девет реализации.

Share on Facebook

Еурофарм Пелистер без проблеми до бодови во Струга

Авор: Душко Андов
| 19 септември 2026
19:59
Share on Facebook

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер запиша втора победа, а прва на гостински терен во трите меча во Супер лигата, отако славеа убедливо кај Струга со 33-25.

Лино Червар и за овој натпревар не сметаше на дел од странските засилувања, па битолчани на „македонски погон“ стигнаа до триумф. По првиот дел беше 16-9, во вториот дел домашните се доближија на минус четири, но немаа сили за нешто повеќе.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа капитенот Филип Кузмановски со седум гола, како и Петар Атанасијевиќ и Ненад Белистојаноски кои погодија по шест пати. Никола Митревски беше одличен на голот со 11 интервенции, додека Давид Брестовац запиша уште три во вториот дел.

Кај Струга, голманите Мартин Јовановси и Кристијан Костадиновски комбинираа осум одбрани, а меѓу стрелците се истакнаа Костадин Петров со пет и Никола Јукиќ со четири погодоци.

Еурофарм Пелистер во следното коло го очекува братски двобој со Еурофарм Пелистер 2, додека Струга ќе го пречека Бутел Скопје во потрага по првите суперлигашки бодови оваа сезона.

❗❗  Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон… ❗❗ 

Share on Facebook

Хрватски арбитри на двомечот меѓу Тиквеш и Еш од ЕХФ Купот

Авор: Душко Андов
| 17 септември 2026
15:33
Share on Facebook

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Иако дуелите ќе стартуваат претстојниот викенд, македонскиот претставник Тиквеш ќе игра на 19 и 20 септември двапати на домашен терен против Еш од Луксембург.

ЕХФ делегираше официјални лица од Хрватска – Матија Бродиќ и Матија Хоџиќ, додека делегат ќе биде Борис Ивановиќ од Србија.

Првиот меч е на програмата на 19 септември од 18:00 часот во салата „Јасмин“, а утредента во истото време на истото место ќе се одигра реваншот.

Share on Facebook

Марјан Начевски ќе биде делегат на меч на европскиот шампион!

Авор: Душко Андов
| 18 септември 2026
13:26
Share on Facebook

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото коло во женската Лига на шампиони.

Марјан Начевски ќе биде делегат на натпреварот што ќе се игра на теренот на некогашниот и актуелниот европски првак.

Македонецот ќе биде задолжен за се да мине како што треба на пресметката меѓу Подравка и Мец што ќе се игра во Копривница, додека арбитражата им е доделена на Барбора Бочакова и Луција Јаношикова.

Овој натпревар е закажан за 19 септември во салата „Јосип Самарџија Бепо“ со почеток од 18:00 часот.

Share on Facebook

Одриозола ќе ги памети Вардар и Скопје по лошо

Авор: Душко Андов
| 18 септември 2026
19:20
Share on Facebook

Лоши вести пристигнуваат од Нант по гостувањето кај Вардар во Лигата на шампионите.

Каулди Ориозола се здоби со сериозна повреда на коленото на натпреварот одигран во Скопје во средата.

Десното крило на францускиот тим по мечот се врати во Нант, каде што биле направени потребните медицински прегледи. За жал, тие покажале дека Ориозола има повреда на предниот вкрстен лигамент на коленото.

Поради сериозноста на повредата, шпанскиот ракометар ќе биде надвор од терените неколку месеци, што е сериозен удар за Нант во продолжението од сезоната.

Тој ќе ги пропушти двете средби со Мелсунген, како и домашниот меч со Вардар што ќе се одигра на 21 октомври.

Share on Facebook

Сентовска броеше до 12, Овче Поле СУ без мака се справи со Шампион

Авор: Душко Андов
| 19 септември 2026
22:03
Share on Facebook

Ракометарките на Овче Поле СУ имаа победнички старт на новата сезона во прволигашката конкуренција.

По службената победа над Стружанка во минатото коло, избраничките на Илија Бетувски прославија триумф над Шампион со 36-13.

Во првиот дел имаше многу грешки на двете страни, но квалитетот на страната на домаќинките беше евидентен. Во второто полувреме Овче Поле СУ комплетно го надигра ривалот и сега има два од два во новата сезона.

Некогашната кадетска репрезентативка на Македонија, Анастасија Сентовска, беше најдобра на теренот и постигна 12 погодоци за победникот, додека кај Шампион се истакна Бојана Божиновска со шест гола.

Share on Facebook