Постдам го потврди трансферот на Томовски: Среќен сум што ќе бранам во најдобрата светска лига!

Германскиот тим Постдам го потврди денеска трансферот што го најави 24Ракомет – Мартин Томовски се враќа во најсилната лига во светот.

Чуварот на мрежата на Вардар, а претходно и на Пролет и Металург, се враќа во Германија, откако две сезони го бранеше голот на Лудвигсхафен.

„Едвај чекам да заиграм за Постдам и во најсилната светска лига по вторпат. Сега сум поискусен, постар и подобар отколку претходно кога бев првиот пат во Германија. Големо задоволство е да се биде дел од таков тим како Постдам, полн со млади и квалитетни ракометари. Можам да ветам дека ќе дадам се од себе да ги оствариме сите амбиции и цели заедно со тимот“, вели Томовски.

Претходно Томовски ќе има уште предизвици со Вардар, со кој ќе игра на завршниот турнир во Купот на Македонија и уште две суперлигашки кола.

Познат е клубот во Бундеслигата каде ќе брани Мартин Томовски