Легендарниот Микел Хансен ќе стави крај на богатата кариера ова лето, а денеска го игра последниот клупски натпревар.
Со Алборг освои титула во данскиот шампионат, а денеска ќе има шанса, и тоа последна да се закити со единствената титула што му фали во богатата колекција – онаа во Лигата на шампионите.
Но пред Алборг ќе се испречи Барселона, која покажа моќ против гигантот Кил и ќе влезе со голема самодоверба во финалето.
Традицијата е на страната на шпанскиот тим, кој досега во 11 европски натпревари со Алборг има 11 победи.
Финалето на ЛШ се игра денеска во „Ланксес Арена“ со почеток во 18:00 часот, а судии ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.