Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Наум Танески, избра 35 ракометари што се најдоа на поширокиот список пред настапот на Европското првенство во Црна Гора.
Сите оние 19 ракометари што беа во акција за последните активности и пријателските натпревари со Словенија и Австрија, како и Дамјан Митев и Самоил Ристевски, кои се на подготовки со младинската селекција, ќе бидат во конкуренција за кадетското ЕП.
Покрај овие 21 ракометар, Танески на списокот има уште 14 имиња. Само еден ракометар, Бранко Стојанов, кој игра на средната бековска позиција, настапува во странство – во словенечкиот Бутан Плин Изола.
Македонија е во тешка група со велесилите Германија и Франција, како и со незгодната Полска.
Европското првенство ќе се игра во Подгорица од 7 до 18 август.