„Поразот од Вардар е веќе минато, сега се насочуваме за Бутел“

Ракометарите на Струга во натпревар од 4. коло од суперлигашкиот плеј-оф беа поразени на гостувањето во Скопје од Вардар со 29:20.

Избраниците на Наум Танески беа рамноправен ривал до средината на првиот дел, потоа до израз дојде квалитетот меѓу двете екипи, па така „црвено-црните“ лесно обезбедија три бода.

Голманот на Струга, Дејан Рикановиќ, истакна дека не одиграле според договореното со своите колеги.

,,Денес победи подобрата екипа, ние не бевме на нашето ниво, сигурно можевме подобро и во одбраната и во нападот, но тоа е сега минато, го заборавивме овој пораз и сега се насочуваме за следниот натпревар против Бутел Скопје, играме на домашен терен и ќе мора добро да се подготвиме, како и да покажеме подобра игра од денешната”, изјави Рикановиќ.

Струга во следното коло на свој терен ќе го пречека Бутел и против скопскиот тим ќе атакува на првите бодови во плеј-оф натпреварувањето.

Вардар рутински до бодови против Струга