Тимот на Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, води со 2-0 во победи во четвртфиналната серија против Сент Гален.
Цирих славеше на втората средба на гостински терен кај Сент Гален со 34-26 и сега ги дели уште еден триумф за полуфинале во швајцарскиот шампионат.
Македонскиот интернационалец Поповски беше втор стрелец и постигна четири гола, а најефикасен беше екс членот на Металург, Јануш Лапајне со девет погодоци.
Цирих следниот натпревар против Сент Гален го игра на 4 април, па ако слави ќе може да мисли на следниот ривал во битката за титулата.