Тимот на Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, запиша победа во швајцарскиот шампионат.
Цирих славеше на гостувањето кај незгодниот Сур Арау со 28-24, а Поповски беше втор стрелец.
Македонецот успеа да постигне пет погодоци од седум обиди во домашната мрежа, додека подобар беше екс членот на Металург, Јануш Лапајне со осум гола.
Цирих и Поповски сега се на четвртото место со 21 бод, а во следното коло ќе играат дома со Фади Винтертур.