Нов селектор на машката сениорска репрезентација на Полска ќе биде Шпанецот Хота Гонзалез, кој доаѓа на местото на Марцин Лијевски.
Ракометната куќа на Полска, по завршувањето на СП, му врачи отказ на Лијевски, а неговиот асистент Михал Скорски стана привремено решение.
Во потрагата по квалитетен селектор, одлуката падна на Гонзалез, кој своевремено беше еден од кандидатите за преземање на клупата на Вардар по заминувањето на Раул Гонзалез. Тој ќе биде на клупата на Полска до 2028 година.
Шпанецот веќе две години ја извршува тренерската функција во Бенфика, клуб во кој настапува Македонецот Филип Талески.
Пред да ја преземе клупата на Бенфика, пет години беше асистент на неговиот сонародник Раул Гонзалез во ПСЖ, а претходно работеше во Ла Риоха.
Полска, во квалификациите за пласман на ЕП 2026, вчера одигра нерешено со Португалија, а претходно ја совлада Романија и ремизираше со Израел.