Левиот бек на Барселона и на бразилската репрезентација, Ханиел Лангаро, од лето ќе има нов предизвик во кариерата.
Лангаро потпиша договор на две сезони со романскиот шампион Динамо Букурешт, каде тренер е Чави Пасквал, кој соработуваше со него во Барселона.
Бразилецот играше за Ла Риоха и Данкерк пред да се пресели во каталонскиот гигант, каде што освои две титули во Лигата на шампионите досега.
Пасквал досега од Барселона во Динамо Букурешт ги донесе Алек Гарсија, Али Зеин, Лука Циндриќ, Александар Цениќ…а претходно таму играа и Седрик Сорендо, Едуардо Гурбиндо, кои исто така играа во Барса.
Покрај Лангаро, во Динамо Букурешт на лето доаѓаат Андре Гомеш, Јонут Јанку, Бранко Вујовиќ…а најавени се и Јан Тарафета, Демис Григорас, Домен Новак…Романскиот првак се пласираше на Ф4 во Лигата на Европа и ќе има шанса оваа сезона да освои европски трофеј.