Поранешниот репрезентативец на Црна Гора, Филип Јочиќ, ја загуби битката по долго и тешко боледување, соопштија од црногорската ракометна куќа.
Јочиќ, кој почина на 32 години, во периодот од 2013, па до 2016, повремено беше на списокот кај некогашните селектори на Црна Гора, Зоран Кастратовиќ и Љубомир Обрадовиќ.
На репрезентативно ниво имаше забележано настапи за младинските категории на неговата татковина.
Најголемиот дел од својата кариера го помина во Данска и токму одличните настапи во скандинавската земја беа причина во повеќе наврати да се најде на списокот кај сениорите.