Десниот бек Анхел Монторо, кој мина три сезони во грчкиот Олимпијакос, реши да се врати во татковината.
35-годишниот Монторо потпиша за составот на Проин Триана од Севиља, кој настапува во третата по квалитет конкуренција во Шпанија.
Своевремено на шпанскиот џин му беше предвидена блескава кариера, но не ги исполни очекувањата на тамошната јавност.
Тој стана светски првак со Шпанија на Мундијалот во 2013 година, настапи на 17 меча за репрезентацијата и даде 24 гола.
Во Олимпијакос играше од 2021 година, последната сезона стана шампион, а претходно покрај боите на Барселона, во Шпанија играше и за Адемар Леон, Ла Риоха и Куенка, а беше дел и од Тулуз, Кадетен Шафхаузен и Висла Плоцк.