По три сезони во Битола – Усама Хосни се враќа во Франција!

Тимот на Еурофарм Пелистер на крајот од сезоната се раздели со тунискиот десен бек Усама Хосни, кој ќе се пресели во францускиот Шарт.

Искусниот десен бек (33) по три сезони во Битола се враќа во францускиот ракомет, каде претходно настапуваше за Истр, Понто Комбо и Иври.

Од 2022 до 2026, со исклучок на една сезона, Хосни го носеше дресот на битолскиот клуб, со кој играше во Лигата на шампионите.

Во Шарт очекуваат Хосни да донесе искуство, цврстина во одбраната и силен шут од дистанца.

„Многу сум среќен што Усама ни се приклучува. Неговото искуство, посветеност и дефанзивни квалитети ќе бидат голема предност за нашиот тим. Тој е борец и играч со карактер, токму таков профил што сакаме да го имаме оваа сезона“, изјавија од клубот.

Хосни кариерата ја градеше во Иври, Понто Комбо, Истр и Еурофарм Пелистер, а сега повторно ќе настапува во француското првенство, каде се очекува да биде еден од носителите на играта на Шарт.