Тимот на Магдебург го одложи натпреварот против Ајзенах што требаше да се игра денеска во рамките на Бундес лигата.
По терористичкиот напад на Божиќниот маркет во Магдебург, од безбедносни причини и како чин на сочувство, ракометниот клуб нема да игра денеска.
Останатите бундеслигашки натпревари денеска ќе започнат со минута молчење како оддавање почит кон жртвите.
Според информациите од светските медиуми, 50-годишен психијатар од Саудиска Арабија со автомобил помина во пешачка зона на плоштадот, а билансот е петмина загинати и најмалку 200 повредени луѓe.