По 23 години македонски тим во финале на Европскиот Куп

Македонскиот ракомет уште еднаш се запиша во историјата на европските натпреварувања, па после Еурофарм Пелистер, тимот на Кире Лазаров ќе се бори за трофеј во Европскиот Куп, некогашен Челинџ Куп.

Во сезоната 2001/2002, Еурофарм Пелистер стигна до финалето на тогашниот Челинџ Куп, каде што играше против данскиот Скјерн. Денешниот Европски Куп е наследник на тоа натпреварување и Македонија ќе има преставник во финале по 23 години.

Покрај овие два тима, Македонија го имаше и Вардар како финалист и тоа двапати, но и освојувач на трофеи во Лигата на шампионите, која е најелитно европско клупско натпреварување.

„Сино-белите“ од Автокоманда денеска изборија пласман во големото финале на Европскиот Куп, откако во полуфиналниот реванш по изведување пенали го елиминираше норвешкиот Рунар, 35-32.

Со пласманот во финалето, македонската екипа направи историски подвиг и доби можност да се бори за првиот европски трофеј во своето постоење.

Кај дамите, Кометал ЃП има една европска титула од сезона 2001/02, додека Вардар играше две финалите во Лигата на шампионите и не успеа да го освои првото место.