Македонската репрезентативка голманка Драгана Петковска, која неодамна направи трансфер во словачкиот Јувента Михаловце, оствари голем успех со новиот тим.
Иако Петковска и Михаловце загубија на гостувањето во Солун кај грчкиот ПАОК со убедливи 30-22, сепак во реваншот се надминаа себеси.
Во вториот меч Јувента победи со 27-17 и обезбеди место меѓу најдобрите осум во Европскиот Куп.
Петковска и нејзиниот тим следниот ривал ќе го дознаат на утрешната ждрепка, а меѓу можните противници се два чешки тима – Славија Прага и Кинжварт, два исландски – Хаукар и Валур, полскиот Гњиезно, шпанскиот Порињо, како и грчкиот Јонијас.
Можно е да има „македонски“ двобој во четвртфиналето, бидејќи место во ТОП 8 обезбеди и Славија Прага на Ангела Јанкуловска, која во двата меча беше подобра од Чаир.