Пешевски им порача на „Чкембари“: Во иднина ќе гледате ваков Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер против Кил го одигра најдобриот натпревар во Лигата на шампионите и оваа сезона воопшто.

Капитенот на битолчани, Жарко Пешевски, вели дека во иднина фановите ќе гледаат само ваков Еурофарм Пелистер.

„Овој натпревар треба да ни биде поттик како треба да се однесуваме во иднина. Влеговме максимално мотивирано, знаевме дека екипата мора да проработи. Кил е многу поискусен и тоа беше единствената разлика на теренот. Шеесет минути бевме максимално бодрени и крајно време е да почнеме да победуваме. Макотрпно се работи на тренинзи, се анализира противникот и самите играчи меѓусебно повеќе се разбираат и во иднина ќе биде само подобро. Супер-противници ни се ривали во Лигата на шампионите и мора да сме 200% спремни. Ветувам дека во иднина на секој домашен натпревар ќе гледате ваков Еурофарм Пелистер“, изјави капитенот Пешевски.

Следен предизвик за пелистерци ќе биде гостувањето кај Вардар Неготино, додека следен натпревар во ЛШ е на 12 октомври на гостински терен кај ПСЖ.