Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер губи со 17:12 на полувреме од дуелот против унгарскиотгигант Веспрем од 6. коло од Лигата на шампионите.
Натпреварот го отвори левиот бек Борзаш, погоди за 1:0, а избраниците на Чави Пасквал за две-три минути игра постигнаа три гола и во 5 минута имаа плус два, 3:1.
Од тој момент унгарскиот шампион константно беше во предност, а по осум минути игра имаше плус четири, 8:4. Најзаслужен за овие плус четири на гостите беше голманот Коралес, кој до 10 минута имаше четири интервенции.
Својот деби гол во елитното натпреварување го имаше младиот член на Еурофарм Пелистер, Алем Хаџиќ, кој намали на 10:7. Босанскиот интернационалец покажа дека може да одигра против силни екипи како Веспрем.
Гостите кон средината на првиот дел имаа 11:7 и до крајот на првиот дел не дозволија Еурофарм Пелистер резултатски да се доближи. Македонскиот шампион, главно, преку бековската линија доаѓаше до реализација. Во последните десет минути немаше промени, гостите водеа со три-четири гола и на пауза заминаа со предност од 17:12.