Ракометната федерација на Македонија објави дека избран е домаќинот на завршниот турнир во женската кадетска лига.
Тоа ќе бидат тимот на Пелистер и Битола, кои ќе ги пречекаат останатите три екипи што ќе се борат за титулата.
Во првото полуфинале ќе се сретнат досега непоразените екипи Пелистер и Вардар, додека во втората полуфинална битка ќе играат Стружанка и Металург.
Сите натпревари ќе бидат одиграни в сабота, 26 април, во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола.
Кадетска лига, Ф4:
11:00, Пелистер – Вардар
13:00, Стружанка – Металург
17:00, натпревар за трето место
19:00, финале