Пех за Данска – пред клучните битки остана без две важни ракометарки!

Селекторот на Данска, Јеспер Јенсен, пред најважната битка од главната рунда на ЕП, остана без две важни ракометарки.

Јенсен на последните два или три меча, во зависност од тоа дали Данска ќе се пласира во полуфиналето, нема да смета на пивотот Рике Иверсен и на голманката Алтеа Рајнхарт.

Рајнхарт не настапи ниту на мечот со Словенија, а на нејзино место Јенсен ја повика Сандра Тофт, но се очекуваше да биде подготвена за важната средба со Холандија.

Сепак по ударот во главата по шут на тренинг, Рајнхарт нема да може да им помогне на колешките. Иверсен, заработи повреда на лигаментите и на менискусот на дуелот со Словенија.

Данска денеска „еден на еден“ со Холандија ќе решава за вториот патник во полуфиналето на ЕП, каде веќе чека селекцијата на Франција.

Во второто полуфинале ќе играат Норвешка и Унгарија, додека во битката за петтото место Шведска ќе се соочи со поразениот од двобојот меѓу Холандија и Данска.