Домаќинот на Олимписките игри, Франција, не успеа да слави ниту на третиот натпревар, откако одигра само реми со Египет, 26-26.
Сега Франција е на работа на елиминација уште во групната фаза, откако по три меча има само еден бод, кој го освои со голот на Лудовик Фабрегас во последната секунда.
Египет е селекцијата што треба да жали дека не го освои цел плен на овој натпревар, бидејќи водеше на паузата со 15-11, а во вториот дел на неколку пати имаше плус пет.
Сепак ниту тоа не беше доволно за славје. Мем имаше шут за победнички гол, но не погоди. Потоа и Египет загуби топка, па Фабрегас го искористи тоа за да и донесе бод на Франција, што може да ја остави „жива“, иако шансите за четвртфиналето не се големи.
Најдобри стрелци во домашниот тим беа Фабрегас со пет, како и Мем и Деска со по четири погодоци, а голманите Жерар и Дебоне собраа десет одбрани. Во составот на Египет се истакна Јахја со осум гола.