Откако беше срушен веќе еднаш рекордот на Олиммписките игри во Париз за посетеност на женски натпревар, со натпреварот меѓу Норвешка и Франција, беше престигнат претходниот рекорд од четвртфиналето.
На финалето меѓу Норвешка и Франција имаше 26.664 гледачи, што повеќе за 116 гледачи од претходниот рекорд кога Франција играше со Германија во четвртфиналето на стадионот „Пјер Мороа“ во Лил.
Дури шест натпревари на ОИ во Париз, односно Лил, беа погледани од претходниот најгледан натпревар на Ф4 во Лигата на шампионите во Будимпешта, кога во „МВМ Арена“ беа присутни 20.022 гледачи.
Вкупната бројка на присутни навивачи на ОИ беше 344.542, или во просек по 9.067, што е одлична бројка кога се работи за женскиот ракомет.