ПАОК на Боризовска и го нанесе првиот пораз на Неа Јонија

Екипата на ПАОК, во која настапува интернационалката од Македонија, Александра Боризовска, освои златни бодови во шампионатот на Грција.

ПАОК во првенствен натпревар успеа на свој терен да го совлада составот на Неа Јонија со два гола разлика, 24:22.

Боризовска во дадената минутажа на теренот одигра на ниво и со два погодоци даде свој придонес во освоената победа.

За Неа Јонија ова беше прв сезонски пораз на домашна сцена, но и покрај поразот, останува на лидерското место на табелата.

Следен предизвик за екипата на ПАОК ќе биде дерби дуелот против АЕК Атина, клуб во кој настапуваат Драгана Петковска и Марија Николовска.