Austria vs Kuwait, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Porec, Croatia, 14.01.25, Mandatory Credit © Eva Manhart / kolektiff

Ослабената Австрија тргна победнички на СП, Данска го декласираше Алжир

Репрезентацијата на Австрија осетно ослабена со отсуството на Никола Билик и Јанко Божовиќ, имаше победнички старт на Мундијалот 2025, триумфираше против Кувајт со 37-26.

Составот на Алеш Пајовиќ за нијанса беше подобар во првиот дел, во кој до 15 минута водеше минимално, потоа успеа да се одлепи на три до четири гола разлика, но на пауза замина со предност од 18:16.

Во вторите 30 минути се разбрани голманот на Австрија, Константин Местл, кој беше најзаслужен за предноста на неговата репрезентација од 26:20 во 40 минута. Останатите 20 минути целосно минаа во знакот на Австрија, па така победникот на оовј натпревар не беше доведен во прашање.

По пет погодоци во австрискиот состав реализираа Живковиќ, Фримел, Дамбок и Вагнер.

Актуелниот бранител на златото на СП, репрезентацијата на Данска, имаше победнички старт, откако ја оправда фаворитската улога против Алжир триумфирајќи со 47-22.

Избраниците на Николај Јакобсен одиграа доминантно во двете полувремина, на пауза имаа предност од 20:11 и без многу потешкотии ги одработија вторите 30 минути.

Најдобри во победничката репрезентација беа Гидсел со десет и Јакобсен со осум погодоци, додека кај Алжир се истакна Абди со шест гола.

Данска во 2. коло од групната фаза ќе игра против Тунис, додека Алжир оди на соочување со Италија.

Французите рутински против Катар на Вујовиќ

СП започна со сензација: Италија целосно го надигра Тунис