По освојувањето на шампионската титула за сезоната 2023/24 година, ракометарите на Еурофарм Пелистер имаа прием кај градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Tие ќе добијат премија од 3,5 милиони денари за постигнатото оваа сезона, а поддршката од Општината ќе продолжи и во наредниот период кога ќе биде обновена и платформата
Претседателот на Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев, вети уште повеќе титули и радост за битолчани.
„Верувам дека ова е последна сезона во која доаѓаме во нашата општина со само една титула. Наша цел и догодина се сите домашни титули, меѓународна презентација и ако се возобнови амбициозен настап во СЕХА лигата. Нашето партнерство во Општина Битола е перфектно, имаме одличен однос и веќе следната недела ќе го потпишеме договорот за продолжување на „Платформата за ракометна Битола“, изјави Стерјев.
Битолчани најверојатно ќе се пријават за вајлд-карта за Лигата на шампионите, а доколку не ја добијат, ќе имаат место во Лигата на Европа.