Олсон со 17 ракометари патува на СП

Селекторот на Холандија, Штафан Олсон, соопшти дека на Мундијалот во Данска, Норвешка и Хрватска ќе патува со 17 ракометари.

Поради повреда отпаднаа Томас Хаутепен и Боби Шаген, првиот повторно се повреди во подготвителниот период, додека вториот сѐ уште не е целосно фит за настап на СП.

Се очекува најголемиот товар кај „лалињата“ да го понесат клучните играчи – Лук Стеин, Кај Смитс, Дани Бајенс, Рутгер тен Велде…

Холандија е еден од ривалите на Македонија во групната фаза на Мундијалот, а освен со нашата репрезентација, избраниците на Олсон ќе играат и против Гвинеја и Холандија.

Македонија со Холандија ќе се соочи во рамки од второто коло, односно на 17 јануари.