Српскиот репрезентативец Предраг Вејин по три години поминати во Нексе одлучи дека му е потребен нов предизвик во кариерата.
Искусниот десен бек од следната сезона ќе настапува во грчкиот шампионат, поточно во амбициозниот суперлигаш Олимпијакос, пренесува „Спортски журнал”.
Станува збор за клуб, кој моментално е предводен од екс тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ.
Вејин од сезона 2021/22 настапува во хрватскиот вицепрвак Нексе, претходно беше дел од Висла Плоцк, Железничар, Адемар Леон, Данкерк, Металург…
Олимпијакос во тековната сезона обезбеди пласман во финалето од Европскиот Куп, а за ривал во борбата за трофејот го има исландскиот Валур.