Oјлески: Нема лесен натпревар во плеј-офот

Ракометарите на Охрид по триумфот на Бутел Скопје, врзаа два порази од фаворитите за титулата Еурофарм Пелистер и Вардар, а сега ги чека уште еден тежок дуел од суперлигашкиот плеј-оф.

Избраниците на Стевче Алушовски ќе го пречекаат составот предводен од Кирил Лазаров и ќе продолжат со дерби натпреварите.

Левото крило Гоце Ојлески вели дека гостите играат убав и брз ракомет, но и потенцира дека нема лесен натпревар во плеј-офот.

„Ни следува тежок натпревар, на гости ни доаѓа тимот од Автокоманда. Сме играле оваа сезона многу пати со нив, се спремаме максимално за нив, како и за секој натпревар во плеј-офот. Сите дуели во оваа фаза се тешки, но ветувам дека ќе дадеме максимум за да направиме што подобар резулат. Гостите играат заедно неколку сезони, но и ние не сме нови. Сметам дека тоа не е некоја предност. Добра екипа, воиграна, играат брз и убав ракомет, ќе пробаме да ги спречиме нивните напади за да оствариме добар резултат. Се надеваме дека некои од повредените играчи ќе се вратат во составот. Ја повикувам публиката да дојде да не поддржи и да биде наш осми играч“, вели Ојлески.

Натпреварот меѓу Охрид и „сино-белиот“ тим од Автокоманда се игра во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 18:00 часот