Ракометарите на Охрид во натпреварот за третото место на меморијалниот турнир „Вук Рогановиќ“ во Белград, беа поразени од Динамо Панчево со 33:29.
Иако избраниците на Стевче Алушовски имаа минимална предност на полувреме, водеа со 13:12, сепак, во вториот дел подобро се снајде српскиот суперлигаш.
Претходно, Охрид беше поразен од Партизан во полуфиналниот дуел со два гола разлика, 29:27.
Охриѓани во Србија ќе одиграат контролни средби и со Металопластика, како и со актуелниот шампион на Србија, Војводина.
Составот на Алушовски последниот дел од подготовките ќе го одработи на домашно тло.
Охрид веќе си обезбеди пласман во плеј-офот, па така на преостанатите натпревари од регуларниот дел од суперлигашкото друштво ќе треба да одработи според посакуваното.