Амбициозниот тим на Охрид како дел од подготовките за пролетната полусезона во суперлигашкото друштво ќе игра на силен турнир.
Охриѓани ќе бидат дел од силниот меморијален турнир „Вук Рогановиќ“ што е закажан за 25 и 26 јануари во Белград.
Покрај домаќинот Партизан и македонскиот претставник, на турнирот ќе играат и српскиот Динамо Панчево и хрватскиот Нексе Нашице.
Турнирот ќе се игра во два дена, по принципот полуфинале и финале, а двојките ќе бидат познати пред турнирот.