Раководството на Охрид пред последниот натпревар од суперлигашкиот плеј-оф против Тиквеш, им се заблагодари на тројца свои ракометари.
На крајот од оваа сезона од Охрид заминуваат Деан Шешиќ, Адмир Пелидиија и Никола Стоилевски.
Босанскиот десен бек се сели во полскиот тим Азоти Пулави, со кој потпиша договор на две сезони, додека црногорскиот пивот оди исто така во Полска.
Македонското десно крило Стоилевски си оди по една сезона и ќе има нова средина.