ОХРИД 2024: Олимпијакос лесно го реши Ловќен

Финалистот од минатата година на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, Олимпијакос славеше во првото коло против најтрофејниот црногорски клуб Ловќен со 37-22

Победникот беше најавен уште по првото полувреме. Само на стартот беше 1-1, а потоа се беше во знакот на грчкиот шампион, кој мината сезона стигна и до финалето на Европскиот Куп.

Со Жељко Бабиќ на клупата, но и со искусните Периќ и Вејин на бековските позиции, грчкиот првак ја зголемуваше предноста. Беше 4-1, па 11-4, а сите грешки на Ловќен беа казнувани со лесни голови.

Црногорскиот тим, кој е предводен од екс пелистерецот Мирко Радовиќ, намали на минус шест, 18-12, но во финишот на полувремето прими уште два гола и на пауза замина со негатива од осум погодоци, 20-12.

Во вториот дел се измешаа составите. Тренерот на Ловќен, Филип Поповиќ им даде шанса и на многуте млади ракометари во составот, кои покажаа дел од својот квалитет, но не можеа да се носат со поискусниот тим од Пиреја.

Според прикажаното на првите две средби, „сино-белите“ од Автокоманда и Олимпијакос ќе борат за првото место во групата кое носи пласман на финалниот натпревар.