Тимот на Динамо Панчево се израдува на првиот триумф на меморијалниот турнир „Крсте Анодновски“ во Охрид, откако славеше против црногорскиот првак Ловќен Цетиње со 33-25.
Ловќен, кој сезонава има подмладен ростер и многу промени, одржуваше рамнотежа на теренот до 6-6. Потоа следуваше еден пад во играта, голманот на Динамо, Чировиќ, фати неколку топки во серија.
Тоа беше доволно за тимот од Панчево да направи серија од пет голови за 11-6 и да го најави победникот на овој натпревар. Ловќен не се откажуваше и до крајот на првиот дел успеа да стопи дел од негативата.
Капитенот Радовиќ врза три гола и најтрофејниот црногорски тим намали на 16-13 на одморот. Неговиот тим беше конкурентен на стартот на вториот, кога негативата беше минус два.
Но стратегот на Динамо, Никола Јаневски, го внесе во игра малиот Лео Фејеш, кој уште повеќе ја забрза играта на српскиот тим и разликата, односно предноста се движеше меѓу четири и пет гола.
Динамо Панчево, многу веројатно ќе ја освои третата позиција во оваа група и ќе игра со Охрид или Партизан во битката за петтото место на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ в сабота.