Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска го официјализираше трансферот на српскиот репрезентативе Илија Абутовиќ.
Дефанзивецот со богата кариера доаѓа во Битола од француската лига, каде го носеше дресот на Шарт.
35-годишникот, роден во Врбас, се обврза на едногодишен договор со битолскиот клуб и ќе се приклучи на подготовките на екипата во последната недела од јули.
Абутовиќ дебитираше за Спартак Суботица во 2006 година, а потоа ги носеше дресовите на Партизан и словенечки Слован од Љубљана.
Во 2011 година потпиша за Вардар и остана седум години. Потоа го чекаше предизвикот Бундеслига и четири години го носеше дресот на Рајн Некар Левен. Последните две сезони ги мина настапувајќи за Шарт.
Абутовиќ има европска клупска титула, пет освоени првенства на Македонија, титули од српските шампионати и Куп, како и четири изданија на СЕХА лигата.
Претходно Еурофарм Пелистер ги донесе голманите Никола Митревски и Филип Ивиќ, пикерот Кајо Цикатиќ и десниот бек Усама Хосни.