Одложеното суперлигашко коло доби нови датуми – еве кога ќе се игра

Поради седумдневната жалост по големата трагедија што ја потресе Македонија и која однесе 59 човечки животи, Ракометната федерација ги одложи сите планирани натпревари за оваа недела до 23 март.

Последното суперлигашко коло од регуларниот дел на сезоната што требаше да се игра на 22/23 март, доби нови датуми.

Натпреварите ќе се одиграат на 25/26 март, во вторник и среда, по што ќе биде позната и конечната табела, иако веќе се знаат кои шест екипи ќе продолжат во плеј-оф, кои шест ќе се борат за опстанок во елитното друштво.

Нови датуми допрва ќе добијат и одложените натпревари од 18 коло од Првата лига, како и оние од 19 и 20 коло од Женската лига.