Поради седумдневната жалост по огромната трагедија што се случи во Кочани која однесе 59 животи, Ракометната федерација на Македонија, ги адаптираше календарите во сениорските лиги и ги потврди новите датуми на одложените натпревари.
Во Женската лига, во која неделава требаше да се игра 9 и 10 коло од плеј-офот, односно 3 и 4 коло од плеј-аут, сите натпревари добија нови датуми, а поместен е и крајот на лигата, па титулата наместо како што беше предвидено на 31 мај, ќе се додели на 24 мај.
Поради ЕХФ неделата и бараж двомечот со Полска, како и поради завршниот турнир во Купот на Македонија, а и поради решението лигата да заврши една недела порано, малку ќе биде набиен распоредот.
Тоа значи дека ќе има шест вонредни кола, што ќе се играат во текот на работните денови.
Женска лига, плеј-оф, распоред:
9 коло, 25/26 март (вторник/среда)
10 коло, 29/30 март
11 коло, 02/03 април (среда/четврток)
12 коло, 05/06 април
ЕХФ недела, 07-13 април
13 коло, 16/17 април (среда/четврток)
14 коло, 23/24 април (среда/четврток)
15 коло, 26/27 април
16 коло, 03/04 мај
17 коло, 07/08 мај (среда/четврток)
18 коло, 10/11 мај
Куп на Македонија, Ф4, 15-18 мај
19 коло, 21/22 мај (среда/четврток)
20 коло, 24/25 мај
Женска лига, плеј-аут, распоред:
3 коло, 25/26 март (вторник/среда)
4 коло, 29/30 март
5 коло, 02/03 април (среда/четврток)
6 коло, 05/06 април
ЕХФ недела, 07-13 април
7 коло, 16/17 април (среда/четврток)
8 коло, 23/24 април (среда/четврток)
9 коло, 26/27 април
10 коло, 03/04 мај
11 коло, 10/11 мај
12 коло, 14/15 мај (среда/четврток)
Куп на Македонија, Ф4, 15-18 мај
13 коло, 21/22 мај (среда/четврток)
14 коло, 24/25 мај