Одличните партии вродија со плод: Димитриоски продолжува со Ваљадолид!

Македонскиот интернационалец Димитар Димитриоски и во следната сезона ќе настапува во Асобал лигата.

Неговите одлични партии вродија со плод, Ваљадолид му понуди нов договор и наскоро ќе биде ставен потпис, дознава 24Ракомет.

Настапите во Ваљадолид и трансферот во летото 2022 година беа први на меѓународна сцена за левото крило, кое во првата сезона даде 57 погодоци.

Димитриоски оваа сезона паузираше поради повреда на поголем дел од натпреварите, но за пролетниот дел од сезона е комплетно фит.

На последниот натпревар со Уеска постигна три гола, од кој еден беше атрактивен со вртенка во трк по асистенцијата на Дарко Димитриевски.

Вториот Македонец на крајот на сезоната заминува од Ваљадолид и ќе има нов предизвик во кариерата.