Амбициозниот тим на Динамо Букурешт, кој е еден од тимовите кои што аплицираа за вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите, ќе биде посилен со довчерашниот член на Вардар, Дарко Ѓукиќ.
Српскиот репрезентативец во романскиот шампион ќе го има 7-от интернационален предизвик во својата кариера по настапите за Вардар, Спортинг, Мешков Брест, Келце, Бешикташ и Металург.
Искусниот ракометар и раководството на Динамо Букурешт се договорија на соработка, која ќе биде со важност од една сезона. Србинот со своето големо искуство би требало да биде еден од главните адути на тренерот Давид Дејвис.
Ѓукиќ и Дејвис соработуваа во Вардар, па така десното крило нема да има никаков проблем да се прилагоди во системот на Шпанецот.
,,Јас сум среќен што доаѓам во еден од најголемите проекти во европскиот ракомет. Познавам многу од моите идни колеги и верувам дека ќе оствариме добри резултати“, изјави Ѓукиќ.
Динамо Букурешт претходно ги ангажираше Бранко Вујовиќ, Ханиел Лангаро, Јонут Јанку, како и тренерот Давид Дејвис, а во следниот период се очекува да пристигнат уште неколку засилувања.
Динамо Букурешт го договори Брозовиќ, чека одговор од Циндриќ…