Од Фленсбург во Кувајт – Живковиќ потпиша за Ал Кураин

Довчерашниот член на Фленсбург, десниот бек Борис Живковиќ, откако мина една полусезона во бундеслигашот, својата кариера ќе ја продолжи во Кувајт.

Искусниот ракометар, кој во Фленсбург беше замена за Холанѓанецот Кај Смитс, потпиша едногодишен договор со Ал Кураин.

Со Фленсбург пред две недели ја освои титулата во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на Европа и даде свој придонес во освојување на европскиот трофеј.

Живковиќ во својата интернационална кариера настапуваше и за полскиот Азоти Пулави, додека во својата татковина го носеше дресот на Алпла Хард.

Австрискиот репрезентативец одигра одлично на Европското првенство во јануари и уште тогаш стана мета на неколку богати клубови.