Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија имаше многу работа изминатите денови.
Играчот на Астраион, Душан Ангелов, ќе мора да паузира на два натпревари, откако доби директен црвен картон, а потоа и син картон на дуелот со Младост Богданци од прволигашката конкуренција.
По прекинатиот натпревар од женската кадетска лига меѓу Илинден Вардар и Чаир во 57 минута, изречени се три казни. Гостинската екипа реши да го напушти теренот во финишот незадоволна од судиските одлуки на Андреј Јорданов и Виктор Терзиевски, како и од однесувањето на публиката во салата.
Тренерот на Чаир, Даниела Миноска, доби суспензија и нема да го води тимот на следните пет натпревари. Плус тимот на Чаир е казнет со парична казна од 15.000 денари.
Натпреварот меѓу Илинден Вардар и Чаир е регистриран со 10-0 за Илинден Вардар, а тимот на Чаир, покрај паричната казна, ќе биде казнет и со -1 бод од бодовното салдо.
РФМ не му прости – бивш селектор на Македонија на „ладење“ пет натпревари! (ВИДЕО)