РФМ „удри по џебот“ на Кичево и Јехона

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија казни две прволигашки екипи.

Јехона и Кичево ќе мора да и платат на македонската куќа на ракометот по 30.000 денари, казна предвидена во член 4, точка 17 во Правилникот за организација и спроведување на ракометните натпревари.

Двата прволигаши не реализираа преноси од натпреварите од 9 рунда меѓу Јехона и Преспа Вардар, односно Кичево и Бисинов.

Ова не е првпат сезонава некои од прволигашите да немаат обезбедено преноси од натпреварите според прописите на РФМ, но дисциплинците претходно прогледуваа низ прсти.