РФМ не му прости – бивш селектор на Македонија на „ладење“ пет натпревари! (ВИДЕО)

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија му изрече суспензија за поранешниот селектор на машката и женската репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски. Тој во моментов е тренер на младинската екипа на Алкалоид, а за време на дуелот од лигата меѓу Алкалоид и Мулти Есенс, кој го добија „гостите“ со 40-21, беше исклучен.

Савевски најпрво доби опомена од судиите Баже Михајлов и Гого Василевски во 44. минута, но потоа незадоволен од одлуките се однесуваше неспортски повеќе пати кон нив, па доби казна од две минути.

Ниту тоа не беше доволно, бидејќи продолжи со протестите, па доби црвен и син картон, па ќе мора на „ладење“ пет натпревари.

Дисциплинците на РФМ имаа многу работа минатата недела, а за сличен ваков испад, тренерот на пионерите на КЛ7 од Свети Николе, доби забрана за да го води тимот на десет натпревари.